Која е девојката што го освојува Холивуд?

Која е девојката што го освојува Холивуд?

34 годишната глумица Лупита Нијанго се појави за првпат во 2013та година и не освои со нејзиниот талент, но исто така и со интересните модни комбинации со кои секогаш отскокнувала од другите. 

Истата година се појави на премиерата на филмот со стајлинг со кој го воодушеви модниот свет. Кенијско-американската глумица е посебно обожавател на фустани кои привлекуваат големо внимание, а повеќе од јасно е дека во Холивуд не е лесно да се биде поразличен, бидејќи конкуренцијата е голема.

Но, на симпатичната и шармантната Лупито ѝ тргна од рака повеќе пати. Овој пат воодушеви и на премиерата на “Star Wras: The Last Jedi”, каде со фустанот кој го носела ги поместила модните граници.

Таа се појави во светкав зелен фустан на едно рамо и висок шлиц за кој е заслужен брендот Халперн. Модните критичари велат дека овој бренд произведува “многу кичеста” облека, но Лупита одлично изгледаше во тој фустан и секако не помина незабележано.