Кој ве избришал од социјалните мрежи?! Проверете со помош на овие две апликации

Кој ве избришал од социјалните мрежи?! Проверете со помош на овие две апликации

Ако сте вистински љубители на социјалните мрежи, време е да се запознаете со две нови и корисни апликации.

Who Deleted Me е апликација што се користи за откривање на лицата кои ве тргнале од списокот на пријатели на „Фејсбук“ или, пак, во меѓувреме го избришале сопствениот профил на оваа социјална мрежа.

„Фејсбук“ еднаш веќе ја исклучи оваа апликација, но таа повторно се појави. Сега може да се најде како екстензија за пребарувачите Google Chrome, Firefox, Opera, а може да се преземе и за Android и iOS-уредите.

Немојте да очекувате дека апликацијата ќе ви ја изнесе и причината зошто некој ве избришал од списокот на пријатели, но ќе ви послужи ако се интересирате зошто наеднаш ви се намалил бројот на пријатели на „Фејсбук“.

Слична работа постои и за корисниците на „Твитер“, а се вика Who Unfollwed Me. Оваа апликација ќе ви покаже кој престанал да ве следи на оваа социјална мрежа.