Кој требало да го глуми ликот на Џек од „Титаник“ наместо Леонардо Дикаприо?

Кој требало да го глуми ликот на Џек од „Титаник“ наместо Леонардо Дикаприо?

Американскиот филм „Титаник“, го освоил светот пред 21 година, а премиерно е прикажан на 18-ти ноември, 1997-ма година, а после тоа ги преполнил кино салите ширум светот и со тоа станал еден од најгледаните филмови на сите времиња.

За време на снимањето, најскапо било филмското реализирање. Имено, продукцијата за „Paramount Pictures“ и „20th Century Fox“ чинела повеќе од 200 милиони долари, но го вратиле секој долар и на крајот заработиле повеќе од две милијарди долари.

Благодарение на неверојатниот успех на филмот, Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо, кои во филмоти ги толкуваат главните улоги, веднаш станале големи ѕвезди.

Меѓутоа, патот до пронаоѓањето на вистинските актери, нималку не бил лесен, а со години се шушкало дека на врвот на листата на машки актери, кои главните лица на продукцијата сакале да ги видат во улога на Џек Досон, бил Метју Меконахи.

Камерон одбил да ги коментира тие гласини, исто како и оние дека наводно не бил задоволен од Меконахи. „Нема да ја потврдам, ниту негирам таа информација. Мислам дека не е во ред да се зборува за актерите кои одлучиле дека не сакаат да работат на овој филм или биле недостапни за време на снимањата, а можеби е и глупаво да речам дека не е доволно квалитетна улога“, кажал во интервју за MTV, кога го прашале дали Метју навистина бил првичниот избор.

Славниот актер сега конечно и сам потврдил дека дефинитвно бил „во игра“, но очигледно не спаѓа во глупата актери кои мислеле дека улогата не е доволно добра за нив.

„Ја сакав таа улога. Одлично ја поминав аудицијата со Кејт Винслет. Си заминав од таму сигурен дека ја добив улогата, но тоа не се случи“, рекол Метју во интервју за „Hollywood Reporter“.

За улогата Роус, која на крајот ја добила Кејт Винслет, исто така се пријавиле многу актерки, а меѓу нив биле Џенифер Конели, Гвинед Палтроу, Клер Дејнс, Рејчел Ваис и Ума Турман.