Кој може да го замени Гризман во Атлетико?

Кој може да го замени Гризман во Атлетико?

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман во текот на вчерашниот ден се огласи и побара да си замине од Атлетико Мадрид, поточно е подготвен за нов предизвик во неговата кариера.

Гризман не ја посочи својата следна дестинација, но можно е веќе да има одреден договор со некој клуб, а во прв план се споменува Барселона иако и ПСЖ е една сериозна опција за него. Во меѓувреме пак медиумите почнаа да се занимаваат со тоа кој би можем да биде наследникот на Антоан во Атлетико, играч кој би бил главна карика во нападот во тимот предводен од Диего Симеоне.

Според шпански „АС“ три добро познати имиња се издвојуваат и тоа се Пауло Дибала од Јувентус, Единсон Кавани од ПСЖ и Мауро Икарди од Интер. Станува збор за тројца јужноамериканци кои не би требало да имаат проблем да се приспособат на животот во Шпанија, а и да одговорат на предизвикот.

Помалку шанси се дава Симеоне да тргне по некој помлади играчи со помала вредност како Микел Ојарзабал од Реал Сосиедад и Тимо Вернер од РБ Лајпциг. Како дел од списокот се Ришарлисон (Евертон), Николас Пепе од Лил и Родриго од Валенсија, но наводно постот можност повеќе шанса да добијат играчите од сегашниот состав, да има одредено поместување, па Кореа и Лемар да имаат позначајни улоги, но и почесто да се употребуба тандемот Коста-Мората.

Останува да видиме за какво решение ќе се одлучи Атлетико кој сигурно ќе заработи над 100 милиони евра од продажбата на Гризман.