Koj ќе ја дизајнира венчаницата на Пријанка Чопра

Koj ќе ја дизајнира венчаницата на Пријанка Чопра

Како и се останато што се подготвува околу свадбената атмосфера на глумицата Пријанка Чопра, така и венчаницата нема да ги разочара фановите.

Во новото издание на Вог тукушто е објавено дека креаторот Ралф Лорен ќе ја дизајнира венчаницата на Пријанка Чопра, а постои и убава приказна зошто токму Лорен е одбран за дизајнер. Чопра ја краси јануарската насловна на Вог, а во интервјуто зборува за деталите околу свадбата.

Иако Ралф Лорен е прочуен дизајнер кога станува збор за „ready-to-wear“ колекциите и модните додатоци, венчаниците не се дел од неговото деловно портфолио. Всушност, тој до сега во својата кариера дизајнирал само три венчаници – една за неговата ќерка, втората за неговата снаа и една за внуката. Што значи, до сега, венчаниците кои ги дизајнирал биле наменети за најблиските членови од неговото семејство.

И тоа е причината зошто сега токму Ралф Лорен ќе биде дизајнер на венчаницата на Чопра.

Но, венчаницата на Ралф Лорен дизајнирана за Пријанка Чопра нема да биде единствената гардероба која глумицата ќе ја носи на свадбата.
Чопра не дава детали за тоа како ќе изгледа венчаницата, но открива дека сака да биде слатка и комотона за носење.
За индијската пак, свадба, Чопра ќе носи венчаница од индиски дизајнер, добро познат на боливудските ѕвезди.