Кој калчолигаш се распрашува за Несторовски

Кој калчолигаш се распрашува за Несторовски

Палермо  ги стартува подготовките во пресрет на новата сезона во Серија Б, а меѓу играчите ќе се појави и Илија Несторовски кој од тренинг базата на клубот ќе очекува трансфер во клуб кој се натпреварува ранг погоре.

За Несторовски во минатото се пишуваше дека постои интерес од големи екипи од Италија, а се споменуваше и негов можен трансфер во Евертон.

Од клубовите од Серија А, се истакнуваа Торино и Болоња, а наводно сега за него се распрашувале и од тимот на Аталанта. Клубот кој годинава ќе се натпреварува во Лига Европа е во потрага по напаѓачи, а пред неколку дена го официјализира и трансферот на Дуван Запата од Сампдорија.