Кој е најбогатиот човек на светот?

Кој е најбогатиот човек на светот?

Бил Гејтс е повторно најбогатиот човек на светот, за најбогат и за 2019 година.

И покрај тоа што претходно титулата му ја презема шефот на Amazon, Џеф Безос, шефот на Microsoft повторно се искачи на врвот на листата.

И покрај тоа што ја напушти функцијата на извршен директор во 2008 година, а во 2014 година го отстапи и местото на претседател во истата компанија, Гејтс учествува во бројни хуманитарни активности и помага на својата поранешна компанија во многу проекти. Според податоците од Bloomberg од минатата недела, тој располага со богатство вредно 110 милијарди долари, што е за 1 милијарда долари повеќе од Безос, кој има 109 милијарди.