Кој е клучниот играч на Ливерпул?!

Кој е клучниот играч на Ливерпул?!

Стивен Џерард внимателно ги следи натпреварите на својот поранешен клуб Ливерпул, а пред дербито со Челси, тој го истакна и според него клучниот играч за успесите на составот предводен од Јирген Клоп.

Џерард е убеден дека најголемо позитивно влијание има Роберто Фирмино.

– Фирмино е генијалец доколку ја следите неговата игра внимателно. Подеднакво е заинтересиран да асистира колку што и да постигне гол. Салах и Мане се важни, но клучен е Фирмино, – вели Џерард.

Поранешниот капитен на „црвените“ смета дека екипата го има потребниот квалитет за освојување трофеи.

– Го гледам овој Ливерпул и не можам да најдам слабост кога ги имаат сите фудбалери на располагање. Се работи за многу поквалитетна екипа од моето време, а она што можеби им недостасува е само искуство, – потенцира Стиви Џи.