Кој е фаворитот на Фердинанд?!

Кој е фаворитот на Фердинанд?!

Фудбалска Европа ќе добие нов шампион во најквалитетното натпреварување Лигата на шампионите, односно Реал Мадрид ќе биде тргнат од тронот по пауза од три години.

„Кралевите“ претрпеа неочекувана елиминација во осминафиналето од Ајакс и тоа откако го добија првиот меч во Амстердам со 2-1 за да потоа на „Сантијаго Бернабеу“ бидат потопени со 4-1.

Ова секако беше шокантно за сите навивачи на Реал, ама и за поголемиот дел од јавноста која не очекуваше вакво издание на избраниците на Солари. Токму по овие случувања се огласи Рио Фердинанд кој верува дека сега најголеми шанси за пехарот во ЛШ имаат англиските екипи или во случајов неговиот глас оди кај Манчестер Сити.

– Во изминативе години секогаш имаше тим што се извдојува, оваа година нема ниту еден. Некој велат ПСЖ, други Јувентус, некој Барселона. Мислам дека многу тимови не сакаат да се соочат со англиските клубови. Играме брз, динамичен фудбал. Не би сакал да играм со Сити или Ливерпул и мојот фаворит во моментов е Сити. Турнирот е отворен, па без разлика со кого играте ќе се соочите со вистински квалитет, – порача Рио.