Кој е автомобилот на годината во Шпанија?

Кој е автомобилот на годината во Шпанија?

“Hyundai Kona” е прогласен за најдобар автомобил на годината во Шпанија, пред моделот “Peugeot 508” и домашниот “Seat Aron”.

Поткомпактниот SUV на “Hyundai” е прогласен за “Автомобил за 2019 година” во Шпанија, во изборот на весникот “ABC”.

Моделот “Kona” триумфирал со 312 поени, второто место ѝ припаднала на новата генерација на лимузината “Peugeot 508” (264 поени), а третото му припаднало на исто така поткомпактниот SUV модел – “Seat Arona” (182 поени), кој се изработува во Шпанија.

Наградата ја доделува весникот “ABC”, а важи за една од најпрестижните награди во автомобилската индустрија во таа земја. За добитникот одлучувало жири составено од 36 новинари од различни медиуми, списанија, весници, телевизии, радио и агенции, како и читателите на веб-страната на весникот.

Критериумите за време на изборот се екстериерот и ентериерот, потоа технологијата, перформансите и безбедноста.

“Hyundai Kona” е првиот поткомпактен SUV кој се нуди на пазарот и во верзија со електричен погон. Во основната варијанта со батерија со капацитет од 39,2 kWh, “Kona Electric” има електромотор со сила од 135 коњски сили и автономија во возењето до 300 километри.

Помоќната варијанта од 204 коњски сили има батерија од 64 kWh, а овој автомобил може да прејде и до 470 коњски сили пред да остане без електрична енергија.