Кои социјални мрежи се најпопуларни кај Македонците?

Кои социјални мрежи се најпопуларни кај Македонците?

Во државава има 1,1 милион корисници на социјалната мрежа Facebook, за сто илјади повеќе во однос на минатата година, а повеќе од половина милион, односно 540 илјади лица се приклучени на Instagram.

Според податоците на специјализираниот сајт statista.com, од регистрираните 1,58 милиони корисници на интернет во Македонија, две третини се активни на некоја од социјалните мрежи, најмногу на Facebook и на Instagram  .

Во светот има 4,1 милијарда интернет корисници, меѓу кои Facebook  со 2,37 милијарди корисници, по што следат Youtube со две милијарди, Facebook Messenger со 1,3 милијарди, Instagram со милијарда и Twitter со 330 милиони…