Кои се победниците од четврт-финалето од Лигата на шампионите?

Кои се победниците од четврт-финалето од Лигата на шампионите?

Со вчерашните натпревари во Барселона и Минхен заврши осмина-финалната фаза во најелитното европско клубско натпреварување.

Ливерпул и Барселона се последните две екипи кои се пласираа меѓу осумте најдобри екипи во Европа, а Баерн Минхен и Лион мораа да се збогуваат со Лигата на шампионите.

По вчерашните дуели, познати се сите патници во четврт-финалето од Лигата на шампионите, а тоа се: Ајакс, Манчестер Јунајтед, Порто, Тотенхем, Јувентус, Манчестер Сити, Ливерпул и Барселона.

Познато е дека Европа оваа сезона ќе добие нов шампион, со оглед на тоа што актуелните шампиони Реал Мадрид беа елиминирани од Ајакс, а интересно е тоа што Англија ќе има четири претставници меѓу осумте најдобри.

Ждрепката за четвртфиналните парови е закажана за петок во Нион.