Кои се најпреценетите актери за 2017 година?

Кои се најпреценетите актери за 2017 година?

Оваа година списанието “Forbes” направи листа на најпреценети актери на годината.

Во текот на составувањето на листата за 2017 година, тие зеле предвид неколку критериуми меѓу кои и приходите од последните три филмови кои актерот ги снимил и персоналниот хонорар за таа улога.

На првото место на најпреценети актери се најде Марк Волберг, со годишна заработка од 68 милиони долари, додека приходот за неговиот филм “Patriots Day” е значајно помал.

На второто место е Кристијан Бејл, чиј хонорар за филмот “Promise” бил шест пати поголем од вкупната заработка на филмот. Самиот филм изнесувал 90 милиони долари, а заработил само десеттина од тој износ.

На третото место се најде Ченинг Тејтум кој не може да се пофали со вртоглави хонорари како Бејл и Волберг, но тој заработил многу повеќе од неговиот нов филм “Logan Lucky”. Филмот остварил заработка од 46,7 милиони долари.

По Тејтум, на листата се најдоа и Дензел Вашингтон и Бред Пит.