Кои се најпопуларните француски парфеми на сите времиња?

Кои се најпопуларните француски парфеми на сите времиња?

Со помош на познатиот француски дизајнер за парфеми Францис Куркдијан, магазинот Вог направи листа од најпопуларните француски парфеми на сите времиња.

Во продолжение погледнете кои класици се нашле на таа листа, бидејќи според мислењето на Куркдијан тие се многу посебни и зошто Французинките толку многу ги сакаат.

1. Chanel N°5

Тоа е легендарниот парфем кој во себе ја носи идејата на женственост. Сеќавањето на Мерлин Монро, кој го носела и модната куќа Шанел, тоа е нешто неверојатно. Може да Ви се допадне или не, иако е направен пред 100 години секако мора да го пробате.

2. Cacharel Anaïs Anaïs

L’Air du Temps на Нина Ричи некогаш бил првиот парфем кој би ѝ го подариле на млада девојка. Овие дена тоа е Cacharel Anaïs Anaïs. Не е лесен, бидејќи има голема аура и е прозрачно цветен.

3. Guerlain Shalimar

Во еден момент едноставно сакате да го пробате новиот парфем на вашата мајка. Shalimar е икона. Многу е француски. Можете да го почвствувате во театар или опера.

4. Yves Saint Laurent Opium

Прво имате 4 Yves Saint Laurent, потоа имате мода, па потоа доаѓа Opium. Мирисот на тој парфем е како да сте од некој друг век, бидејќи парфемите во тоа време немале овошни ноти, кои денес многу ги користиме. Идејата на овој парфем повеќе не е скандалозна како некогаш, но сè уште има нешто посебно во името.

5. Kenzo Flower by Kenzo

Ова е еден голем ориентален парфем. Во себе носи цветни ноти и нешто пудресто, речиси како мирис на компактна пудра. Ако ја погледнете листата на најпродавани парфеми во другите земји ќе сфатите дека овој парфем со мирис на ружа е нешто карактеристично за Франција.

6. Chanel Coco Mademoiselle

“Речиси секоја жена која ја познавам го имала во одреден период од животот. Тој во себе ја носи самата срж на идејата за Французинките. Многу е современ, шик и елегантен. Тоа е еден овошно-цветен парфем кој му припаѓа на групата chypre. Тие парфеми се премногу француски. Тоа е апстрактна група на мириси. Не се агресивни, но по малку мистериозни”.