Кои производи содржат калциум, а не се од животинско потекло?

Кои производи содржат калциум, а не се од животинско потекло?

Ако не консумирате многу животински производи, тогаш посветете внимание на некои од овие видови храна, за да внесете повеќе калциум во вашиот организам.

Иако најчесто се поврзува со здравјето на коските, калциумот ни е потребен и од бројни други причини – поради нормална функција на мускулите и нервниот систем, поради регулација на срцевиот ритам и крвниот притисок.

Во однос на тоа дека организмот не може да го произведе сам, потребно е да се внесува со правилна исхрана.

Бадеми и бадемово млеко

Ако не сакате кравјо млеко, добра замена може да биде млекото од бадеми, кое со само една чашка дневно го снабдува организмот со околу 450 милиграми калциум.

Бадемовото млеко е многу богато со калциум, а покрај чашка бадемово млеко, на организмот ќе му помогнат и самите бадеми кои изобилуваат со калциум и протеини.

Интегрални житарици

Покрај тоа што се добар избор за појадок, житариците содржат и доволна количина на калциум, па така преку нив ќе можете одлично да ги заштитите вашите коски.

Портокали

И некои овошја ја имаат потребната доза на калциум, а меѓу нив посебно се издвојува портокалот. Со два портокали дневно ќе внесете околу 10 проценти од дневната препорачана доза калциум.

Зелен лиснат зеленчук

Кинеската зелка, блитвата и сите други видови на храна од оваа категорија се одличен извор на калциум.