Кои нови брендови дојдоа во Скопје Сити Мол во изминатата 2019 година?

Кои нови брендови дојдоа во Скопје Сити Мол во изминатата 2019 година?

Првиот современ трговски центар во Македонија – Скопје Сити Мол преку својот единствен концепт ги обединува шопингот, забавата и дружењето.

Со своите 150 продавници меѓу кои се вбројуваат светски реномирани брендови како и локални трговски марки, Скопје Сити Мол ја има најбогатата понуда за женска, машка и детска мода, играчки, чевли, модни додатоци, накит, техничка опрема, хипермаркет и други содржини кои ја комплетираат понудата.

Изминатата 2019 година за Скопје Сити Мол беше особено успешна кога станува збор за проширување на својата продажна понуда како и на брендовите кои се застапени во трговскиот центар. Со својата уникатност, подеднакво и во понудата и во дизајнот, Скопје Сити Мол како најголем шопинг центар секогаш се труди да одговори на побарувањата на пазарот. Оваа година во овој трговски центар се направија неколку промени во палетата на закупци, сѐ со цел да се приближи сѐ повеќе до светските трговски центри носејќи голем број на докажани светски брендови. Ние одлучивме да истражиме кои нови брендови го красат овој трговски центар од изминатата година, а во продолжение ве запознаваме со секој од нив.

Се отвори продавницата Oltre -реномиран италијански женски бренд со долгогодишна традиција и докажан квалитет – совршено место за сите дами кои уживаат во елегантните модни парчиња. На големо задоволство на купувачите се отвори и Paul & Shark, ренимираниот бренд каде што ќе најдете сѐ од спортска облека до луксузна секојдневна облека за мажи, жени и деца. Глобален  луксузен спортски бренд за спортска облека, дистрибуиран ширум светот и препознаен од луѓето кои се во потрага по вистински италијански квалитет. Calzedonia и Tezenis италијански женски брендови исто го збогатија Скопје Сити Мол.

Првата мултибренд продавница City Fashion Woman – новата мултибренд продавница во Скопје Сити Мол  во која се спојуваат атрактивните модни брендови како – Michael Kors, Furla, Karl Lagerfeld, Emporio Armani, Armani exchange, Joop, Fracomina, Versace Jeans.

Меѓу модните парчиња освен облека ќе најдете и голем избор на чанти, паричници, како и чевли и патики. Софистицираност, мода и елеганција за сите љубители на светски докажаните брендови.

Покрај продажните места посветени на модата и модните брендови, на вториот кат во Скопје Сити Мол  се отвори првиот Нептун Премиум центар во Македонија.

Ултра урбаниот бренд DoGo отвори своја продавница, докажувајќи се како бренд кој силно и сигурно се пробива на нашиот пазар. Тука ќе најдете интересни и урбани модни парчиња кои ќе ја разбудат уметничката страна во вас.

Се разбира, тука е и MAGNETIK GALLERY! Галеријата Магнетик е најголемиот луксузен мултибренд во Скопје. Спој од 9 софистицирани модни брендови: Max Mara Studio, Leisure, Marella, Weekend Max Mara, Spoortmax, Lui Jo, Patrizia Pepe, Joseph Ribbkoff, Paul & Shark. Сите оние брендови кои претходно ги краселе само големите европски и светски метрополи, сега ги има и кај нас.

И секако, брендот MINISO – кој ги донесе Marvel играчките во нашата држава.

Покрај големите новитети во однос на продажната понуда и новите брендови, не ја заборавајте и акцијата Winter Last Minute Sale. Сѐ додека трае оваа акција имате можност да се купите производите од есен/зима колекциите по пониски цени, а во неа учествуваат речиси сите продавници од трговскиот центар.

Искористете го слободното време на најдобар начин. Изберете шопинг, забава и дружење со целото семејство. Скопје Сити Мол секогаш ги исполнува вашите желби!