Кои музички ѕвезди ќе настапат на спектакуларното модно шоу?!

Кои музички ѕвезди ќе настапат на спектакуларното модно шоу?!

Најпознатата ревија на модниот бренд за долна облека Викторија Сикрет оваа година ќе се одржи на 9 ноември, а неодамна е откриено кои музички ѕвезди ќе настапуваат на ова спектакуларно шоу.

Заедно со ангелите на Викторија Сикрет оваа година ќе настапат Биби Рекса, Халси, Рита Ора, Келси Балерини, The Chainsmokers, The Struts и Шон Мендез, пренесува Harpers Bazaar. Ангелите на Викторија Сикрет кои ќе прошетаат на модната писта се Адријана Лима, Беати Принсло, Кендис Сванеапол, Џезмин Тукс, Џозефин Скривер, Сара Сампио, Тејлор Хил, Бела и Џиџи Хадид, Кендал Џенер и Вини Харлоу, која за прв пат ќе се појави на оваа ревија.