Кои филмови тераат многу на грицки?

Кои филмови тераат многу на грицки?

Гледањето филм освен што предходи на некои добри работи како сексот, сепак носи и негативности.

Една од тие е грицкањето глупости за време на гледање на филмот. Сепак, според едно истражување во Либан, а објавено во Men’s Health, не секој филм еднавко влијае на желбата за грицкање.

Според истражувањето филмовите кои водат кон стрес (со покачување на стрес хормонот кортизол, телото бара повеќе калории), како трилерите и хорорите, повеќе тераат на безосетно грицкање пуканки и чипсови. Комедиите и романтиките се подобри за слабеење 🙂

Затоа доколку гледате некој хорор или трилер купете си мало пакетче пуканки (несолени) или нешто како суво грозје и леблебија и немате гајле. А после филмот се знае што е следно.