Кои естетски корекции најчесто ги прават мажите во Македонија?

Кои естетски корекции најчесто ги прават мажите во Македонија?

Д-р.Роберт Стојовски (спец.пластичен и реконструктивен хирург) во Промедика и Медика Истанбул. Со Роберт разговаравме за една доста интересна тема која е се поактуелна кај мажите, а тоа се естетските корекции. Во разговор за Friday.mk првиот онлајн магазин за мажи кај нас, зборува за какви естетски корекции се македонците спремни.

Според Роберт проценутално во Македонија е 5 спрема 1, жени во споредба со мажите кога станува збор за естетиката.

Какви типови на третмани постојат? 

Има два типа, хируршки и нехируршки третмани. Во нехируршките третмани спаѓаат ботоксот, филерите, колаген, пилинзи, ПИ ЕР ПИ третмани. Најчесто мажите во последно време од нехируршки третмани прават ПИ ЕР ПИ на коса бидејќи овој третман го забавува опаѓањето на косата или го стопира. Овозможува фуликоли кои што се со послаби влакна да ги зајакне. Мажите поради тестостеронот кој што го имаме кај нас, сме склони на опаѓање на косата.

Следно што прават мажите од нехируршки третмани е третманот за лузни од акни кои што ги имале во текот на пубертетот и трет треман кој што доста често мажите го прават е ботоксот. Најмногу мажите прават ботокс на чело и регија помеѓу веѓите. Се почесто доаѓаат мажи кои што вежбаат фитнес и при кревање на големи тежини се напрегаат мускулите на лицето и тие имаат поголеми бори на лицето. Модерните мажи денеска се почесто ставаат ботокс. Истиот тој ботокс се става на три до шест месеци.

Мажите после 40-тите години го губат масното ткиво на лицето исто како и кај жените. Еден од начините е нехируршкиот третман познат како Liquid Face Lift со филери. Тоа се става кај мажите во пределот на јаболкниците и во пределот на вилицата за да се добие Бред Пит вилица. Помодерните мажи веќе го прават тоа и кај нас и сигурен сум дека ќе биде тренд во наредните неколку години.

Кои се хируршките третмани кои што ги прават мажите?

Најчесто од овој тип на тертмани мажите прават хируршка корекција на носот. Некои тоа го прават од проблем со дишењето, а некои поради естетика. Помодерните мажи во денешно време се почесто сакаат да изгледаат послабо па се решаваат да прават липосукција и абдоменопластика што е хируршки третман каде што се вади одвишокот на кожа во пределот на стомакот. Трета работа која што ја прават мажите е гинекомастија. Тоа е кога имаме женски гради кај мажи.

Повозрасните мажи се одлучуваат за блефаропластика, односно корекција на очни капаци. Со текот на времето на сите нас ни паѓаат очните капаци и го смалуваат видното поле.