Кои ангели ќе настапат на спектакуларната ревија на Викторија сикрет 2018

Кои ангели ќе настапат на спектакуларната ревија на Викторија сикрет 2018

Шоуто на Викторија сикрет ќе се случи наскоро! Иако официјалниот датум се уште не е објавен, листата на модели е веќе објавена.

Годинава на модната писта ќе видиме 12 ангели, кои ќе бидат предводени од долгогодишните и искусни ангели на Викторија сикрет, Кендис Свонепул и Адриана Лима.

Барбара Палвин и Тони Гарн ќе го направат својот камбек на сцената на Викторија сикрет. Нови имиња на листата се, Даки Тот и Вини Харлоу.

Еве ги имињата на учесничките – ангели во шоуто – Адријана Лима, Бехати Присло, Кендис Свонепул, Елса Хоск, Џасмин Тукс, Џозефин Скривер, Лаис Рибеиро, Марта Хант, Роми Стријд, Сара Сампајо, Стела Максвел и тејлор Хил.