Кога гаражата ќе се претвори во префинет стан

Кога гаражата ќе се претвори во префинет стан

Италијанската архитектка Тереза Сапе изведе одличен потфат и од запуштената гаража во францускиот град Бордо, создаде префинет простор за живеење.

Постоечката зграда ја поделила на две главни зони, кои претставуваат јавен и приватен простор. Јавниот простор е осмислен во склад со желбата на семејството кое сака да собира гости и го сочинуваат кујна, винска визба и гостинска соба.

Ентериерот изобилува со уникатни детали, а еден од нив е натписот со огромни букви преку кујнските елементи “Лажноста на сликата”, што е назив за сликата на Рене Магрит.

Во приватниот дел се е прилагодено за уживање на сопственикот и неговото опуштање во мир и тишина. Во огромниот простор за рекреација и одмор, покрај зградите кои водат кон дворот, се сместени и книги во специјално направени полици.