Книга за кралицата Елизабета и нејзиниот брак со принцот Филип

Книга за кралицата Елизабета и нејзиниот брак со принцот Филип

Скандал од светски размери настанал кога во јавноста се појавила книгата за кралицата Елизабета и нејзиниот брак со принцот Филип.

„Не постоеше убава жена во близина на Филип со која тој не флертуваше но, на кралицата тоа не и пречеше, му даде отворени раце да се дружи. Тие жени на Филип му беа како играчки“, напиша Лејди Колин Кампбел, а пренесува британски Daily Mail.

Оваа Британка ја напишала книгата „Бракот на Кралицата“, за Елизабета Втора (92) во која открива детали за сексуалниот живот меѓу неа и нејзиниот сопруг, принцот Филип (97).

Таа истакнува дека кралицата имала здрав сексуален апетит и дека почнала истиот да го задоволува кога се омажила. Исто така Лејди Колин тврди дека Филип никогаш не бил верен и дека постојано флертувал со жените, што на кралицата не и пречело.

„Од детството до денес, принцот беше опкружен со привлечни, убави жени. Секогаш се однесуваше непримерно“, напишала Колин. Таа додала дека Филип сака друштво на убави жени бидејќи бил голем заводник.

Британката тврди дека принцот секогаш имал „блиски пријателки“ со кои одел на прошетки со кочијата.

Книгата за сексуалниот живот на кралицата предизвика негативни реакции кај Британците. Колин се брани од обвинувањата велејќи дека е само искрена.

„Знаат дека сум искрена и веќе некое време им беше познато дека ја напишав таа книга. Се што сум напишала е вистина и тоа не е никаква пропаганда против монархијата“, заклучува таа за странските медиуми.