Клучот на Koenigsegg Regera обложен со дијаманти

Клучот на Koenigsegg Regera обложен со дијаманти

Со цена од речиси 2 милиони долари, Koenigsegg Regera спаѓа помеѓу најекслузивните суперспортски автомобили на денешницата.

Иако на купувачите на Regera, автомобилскиот клуч секако не им е најважниот детаљ на овој спектакуларен модел, оној кој е спремен да издвои волкава сума на пари сигурно би сакал да има и клуч кој е подеднакво ексклузивен.

Од таа идеја тргнала и една компанија која е специјализирана за автомобилски “накит” и украси, па така го украсила клучот на Koenigsegg Regera со злато и скапоцени дијаманти, а купувачите можат да одберат различни комбинации и бои на дијамантите.