Клубот од Торино ќе ги награди Кјелини и Барзаљи со нови договори

Клубот од Торино ќе ги награди Кјелини и Барзаљи со нови договори

Јувентус можеби сезонава не е убедлив и сигурен како во претходните години, но и понатаму е во игра за тројната круна.

Токму за овие резултати и успеси како во оваа така и во претходните кампањи големи заслуги имаат дефанзивците Џорџо Кјелини и Андреа Барзаљи кои клубот од Торино ќе ги награди со нови договори.

Тутоспорт пренесува оти Кјелеини ќе добие нов доглогодишен договор кој официјално ќе биде објавен во наредните денови. Стоперот сака да ја заврши кариерата во сегашната средина, а бјанконерите се подготвени да му ја исполнат желбата.

Барзаљи пак ќе добие едногодишен договор кој ќе го задржи во Јувентус по 38 роденден кој го слави на 8 мај 2019 година.