Клоп пресреќен по победата, но не ја испушти шансата да прокоментира и за Мурињо

Клоп пресреќен по победата, но не ја испушти шансата да прокоментира и за Мурињо

Менаџерот на Ливерпул беше пресреќен по големата победа денеска против Ватфорд со 5:0, па беше расположен да коментира за се и сешто на пресконференцијата.

Избраниците на Клоп го понижија Ватфорд и прокнижија нови бодови на своето конто во првенството, а по натпреварот, Клоп даде доста интересна изјава, алудирајки и на Манчестер Јунајтед.

Клоп се обиде да го пецне Јунајтед, поради тоа што е елиминиран во ЛШ сезонава.

Во Сити знаат дека нема да биде лесно, за фудбалските фанови тоа ќе бидат два меча за уживање. Сигурно дека нема да го паркираме автобусот – истакна Клоп, алудирајки на тоа што го прави Мурињо понекогаш.

Што се однесува до Салах, кој денеска постигна 4 погодоци, Клоп истакна.

Се разбира дека е задоволство да се има ваков играч, неговите голови вечерва беа неверојатно добри, среќен сум за перформансите на овој човек – се надоврза Клоп.