Клои Кардашијан спремна е да му прости на Тристан

Клои Кардашијан спремна е да му прости на Тристан

Вчера, целиот свет го виде клипот кој докажува дека Тристан Томпсон не е верен на бремената девојка Клои Кардашијан. На клипот јасно се гледа дека е изневерување и тоа со многу девојки, но и покрај тоа, ѕвездата е подготвена да му прости.

Како што пренесуваат светските медиуми, Клои не може да дојде при себе откако го виде клипот. Додават дека семејството советува да прекине со познатиот кошаркар што е можно поскоро, но таа и понатаму се надева дека ќе најде начин да ја спаси нивната врска.