Клои Кардашијан го очекува првото дете

Клои Кардашијан го очекува првото дете

Американските медиуми денес објавија дека Клои Кардашијан е бремена.

Како пишуваат таблоидите таа и нејзиниот дечко Тристан ќе станат родители.

Парот кој започна да се забавува во септември 2016 година, се запозна на состанок на слепо организиран од заеднички пријател.

Во најдобра врска сум до сега, не ми е потребен веренички прстен за да се чуствувам добро. – изјави таа во едно интервју.

Во финалето од серијалот Во чекор со Кардашијан ѕвездата откри дека нејзинот партнер сака толку деца што би можел да направи сопствен кошаркарски тим.

Тристан сака да имаме 5-6 деца и тоа е преубава работа. Но, ќе имаме едно за почеток. Не користам заштита, така да тоа е голем чекор – изјави Клои.