Клои и Тристан повторно заедно?!

Клои и Тристан повторно заедно?!

Клои Кардашијан и  Тристан Томпсон раскинаа поради тоа што  Тристан ја изневери Клои со најдобрата пријателка на нејзината полусестра.

Меѓутоа, во последните месеци тој се трудеше да ѝ надомести на мајката на неговата ќерка Тру за сè што направи, па сега Кардашијан и официјално му даде нова шанса на својот партнер.

Двајцата беа снимени заедно како шетаат на Малибу Хилс.Со насмевка мавтаа кон папараците.

Клои вели дека знае дека луѓето ја осудуваат, но дека тие се семејство.

„Она што многумина го забораваат е дека ние имаме дете и тоа никогаш нема да се промени. Нашата ќерка е наш приоритет и така и се однесуваме“, рече таа.