Клаудија Шифер блеснала во шарена тоалета на премиерата на филмот “Rocketman” во Лондон

Клаудија Шифер блеснала во шарена тоалета на премиерата на филмот “Rocketman” во Лондон

Германската убавица ги воодушевила присутните на настанот кој се случил во Лондон.

Во Лондон била одржана премиера на филмот “Rocketman” на режисерот Декстер Флечер. Овој настан во главниот град на Велика Британија не го пропуштила и славната манекенка Клаудија Шифер. Германската убавица заблескала на синиот тепих во елегантна шарена тоалета, а до израз дошло и нејзиното деколте.

Клаудија, која позирала за фоторепортерите, со својата убавина ги воодушевила сите присутни. На Шифер друштво и правел сопругот Метју Вон, познат британски режисер.

Парот се венчал во 2002-ра година и има три деца, Каспар Метју, Клементајн Попи и Косиму Вајолет.

Инаку, филмот “Rocketman” е биографски филм за британскиот музичар Елтон Џон. Ова остварување трае 121 минута, а главната улога ја има велшкиот актер Тејрон Егертон, кој го игра Елтон Џон.

Освен Еџертон, во овој филм играат Џејми Бели, Риџард Маден, Брајс Далас Хауард и многу други.