Кит Флинт е пронајден мртов

Кит Флинт е пронајден мртов

Кит Флинт почина. Вокалистот на The Prodigy беше пронајден мртов во неговиот дом во Есекс. Имаше 49 години.

Англискиот музичар се прослави во 90-тите години со групата The Prodigy и хитовите „Firestarter“ и „Breathe“. Флинт беше еден од најпрепознатливите лица во светот на музиката поради откачените панк фризури, шминката и енергичниот стил на танцување.