Киријос не престанува да го провоцира Ѓоковиќ

Киријос не престанува да го провоцира Ѓоковиќ

Австралискиот тенисер не престанува да дава изјави за Новак Ѓоковиќ, но и за Рафаел Надал и Роџер Федерер со кои се обидува да ги испровоцира.

Кирјос смета дека со омаловажувањето на српскиот тенисер, ќе собере симпатии од страна на тениската публика која сепак важи за најпристојна меѓу сите спортови.

Така, на едно прашање од новинарите, изјави дека Енди Мареј е најдобар тенисер на сите времиња.

Енди сигурно. Тој води во меѓусебните дуели со 5:1, освои голем број гренд слемови, еден е од најдобрите на сите времиња – изјави Кирјос.

Мареј е еден од ретките тенисери кој е во добри односи со Кирјос кој повеќе од очигледно има проблем со Ѓоковиќ, Надал и Федерер кои не обрнуваат внимание на неговите изјави.

На едно прашање за Новак Ѓоковиќ, Кирјос одговори:

Кој? Навистина не знам кој е тој – изјави Кирјос, па потоа додаде:

Да, мислам дека го знам, извинете – истакна австралискиот тенисер.