Кими Раиконен прозборе за одлуката на Ферари да не ја продолжи соработката

Кими Раиконен прозборе за одлуката на Ферари да не ја продолжи соработката

Ферари во вторникот соопшти дека нема да го продолжи договоро со Кими Раиконен, а Финецот во екипата ќе го замени 20-годипниот Шарл Леклер.

На прес-конференцијата за медиумите во пресрет на неделната трка на Формула 1 за Големата награда на Сингапур, Кими едвај прозборе, но директно кажа што се случило.

Тоа се случи. Не е до мене и тоа не е моја одлука. Таков е исходот. Сепак барем има исход – изјави Раиконен кој е последен возач кој на Ферари му ја донесе титулата во 2007 година.

Тој во наредните две години ќе вози за Заубер, екипа во која ја започна кариерата. Беше запрашан дали е среќен што ќе ја продолжи кариерата во помала екипа, а тој даде краток одговор.

Зошто да не. Одам во Заубер бидејќи истото го сакам. Зошто тоа го комплицирате – изјави Кими.