Ким, Клои и Кортни започнаа кампања за новата линија парфеми „KKW Perfumes“

Ким, Клои и Кортни започнаа кампања за новата линија парфеми „KKW Perfumes“

Сестрите Ким, Клои и Кортни Кардашијан ја започнаа кампањата за новата линија парфеми „KKW Perfumes“.

По повод промоцијата сите три сестри се облекоа и нашминкаа исто, а Клои, која подолго време е русокоса, ја обои својата коса кафеава.

Секој од парфемите чини 40 долари. За колекцијата сестрите Кардашијан велат дека раскажува нивна лична приказна и дека изработувањето било прекрасно искуство за нивната блискост.