Ким Кардашијан во Vogue откри дека станува адвокатка

Ким Кардашијан во Vogue откри дека станува адвокатка

Старлетата Ким Кардашијан е новата ѕвзеда на мајското издание на модниот магазин Vogue и тоа е нејзината прва самостојна насловна страница за “модната Библија”.

Кардашијанката среќната вест ја сподели на својот Инстаграм профил, каде открила дека тоа било остварување на нејзините соништа.

“Долго сонував за овој момент иако многумина велеа дека никогаш нема да дојде. Не можам со зборови да опишам колку голема чест имав да ја снимам својата прва самостојна насловна страница за американски Vogue”, напиша Ким под фотографијата од насловната страница каде позира со мокра коса и носи провидна мрежеста маица. Во галеријата сподели и фотографии од едиторијалот, од кои на едната друштво ѝ прават нејзините 3 деца.

А, многу поголемо внимание привлече информацијата која ја откри во интервјуто. Имено, Ким веќе некое време во тајност стажира во една адвокатска фирма во Сан Франциско и планира да полага правн испит во 2022 година за да стане адвокатка. Да, добро прочитавте, старлетата одлучи да тргне по чекорите на својот покоен татко Роберт Кардашијан кој се прослави како адвокатот на Оу Џеј Симпсон.

“Сфатив дека можам да направам многу повеќе кога би го имала потребното знаење”, објасни Кардашијанката.

Очекувано, веста за идната адвокатка Ким направи “бум” на социјалните мрежи, па доби многубројна поддршка од обожавателите.