Ким Кардашијан пред развод?!

Ким Кардашијан пред развод?!

Ким Кардашијан и Канје Вест во последно време не се во најдобри односи.

Според нивните блиски пријатели, брачните недоразбирања се интензивирале за време на неколкумесечниот карантин за време на кое парот морал да остане дома со своите четири деца поради пандемијата на коронавирус.

39-годишната реалити ѕвезда наводно предложила на својот три години постар сопруг да поминат извесно време одделно додека не престанат да важат вонредните мерки.

Врската помеѓу Ким и Канје во моментов е во криза затоа што парот обично не поминува толку многу време на исто место, бидејќи обајцата имаат многу обврски. Но, Ким не сака развод затоа што бракот со Канје во нејзиното семејство се смета за голем успех, бидејќи од сите Кардашијанки, само таа е во брак – изјави неименуван извор.
Ким и Кање започнаа врска во 2012 година по долго пријателство. Раперот е нејзиниот трет сопруг. Таа за прв пат се омажи за музички продуцент Дејмон Томас во 2000 година, кога имала 19 години. Тој поднел барање за развод три години подоцна, а таа тврди дека тој физички и емотивно ја злоставувал, но и дека цело време била на екстази на свадбата.

Следниот брак беше со Крис Хемфрис, кошаркар во НБА лигата од Њу Џерси Нетс, но бракот траеше само 72 дена. Тие се венчаа во мај 2011 година и се разведоа во септември истата година. Ким стана главна тема на сите озборувања на трач рубриките во целиот свет, па сега рекла дека веќе не може да поднесе да нејзиниот развод да предизвика толку многу медиумска помпа.

Канје и Ким се венчаа на 24 мај 2014 година. За нив се смета дека се едни од најбогатите парови во светот на шоубизнисот – тие се „тешки“ околу 1,3 милијарди долари.

Во моментот, Ким и децата живеат во еден дел од куќата, додека Канје е во друг и не се среќаваат премногу. Станува рано и вежба, а Канје има навика да работи цела ноќ.

Ким им се пожалила на пријателите дека нејзиниот сопруг не помага многу околу чување на децата и дека целата грижа е на неа во моментот, што е тешко да го усогласи со нејзините обврски.

– Тоа не е ниту единствениот проблем. Ким се пожалила дека Канје се обидува да ги наметне своите ставови кон неа и дека започнал да ги критикува нејзините деловни потези, но и нејзиниот приватен живот – вели пријателка на славната двојка која се надева дека бракот ќе преживее.