Ким Кардашијан облечена во долари од глава до пети

Ким Кардашијан облечена во долари од глава до пети

Дефинитивно Ким е една од најбогатите инфлуенсерки некогаш, а истото можеме да забележиме и по нејзиниот последен аутфит.

Имено, на приватна прослава во “West Hollywood”, Ким облекла капут со принт од американски долари и чизми кои наликуваат на чорапи, со истиот принт.

Ким со оваа необична дневна комбинација, искомбинирала ташна која изгледа како торбичка за пари.

Единствено нешто што било колку-толку едноставно, била нејзината фризура, која била врзана во коњски реп и шминка, која нејзиниот шминкер ја задржал во неутрален спектар.