Ким Кардашијан лансира линија на немедицински маски

Ким Кардашијан лансира линија на немедицински маски

Ким Кардашијан се приклучи на борбата против пандемијата од коронавирус со лансирање на линија на немедицински маски за лице кои се распродадоа во рекордно време.

Триесет и деветгодишната Кардашијан пушти линија на немедицински маски за лице за целодневна и повторна употреба, како дел од нејзиниот бренд за долна облека „Скимс“.

Маските се лесни, се растегнуваат и лесно може да се дишепреку нив. Маските беа објавени во пет бои во саботата, а нивната почетна цена е 8 долари. Само неколку часа по објавувањето на нејзиниот нов производ, Кардашијан објави за своите обожаватели на Твитер дека целата колекција маски е распродадена.

„За жал, нашите маски за лице @skims се распродадени денес, но ние работиме со локален партнер во Л.А. за да произведеме повеќе од нив што е можно поскоро“, им рече таа на своите следбеници, кои моментално се 64 милиони.