Ким Кардашијан испи смути од сардина, само да не открие дали Кајли и Клои се бремени

Ким Кардашијан испи смути од сардина, само да не открие дали Кајли и Клои се бремени

Ким Кардашијан гостуваше кај Џејмс Корден, каде што играше генијална игра по име Spill Your Guts or Fill Your Guts.

Иако беше прилично добра  во одговарање на интригантните прашања, едно прашање кое водителот и го постави не сакаше да го одговори никако.

Како што веќе знаете, поентата на оваа игра е да одговорите на некое од прашањата или да се напиете или да изедете нешто за што ви треба силен желудник.

На Ким не и беше проблем да ги рангира членовите од семејството од најдобро кон најлошо облечен, како и да ја открие најголемата мана на Кање, но кога водителот ја праша дали се вистинити гласините за бременоста на Клои и Кајли, таа без размислување испи смути од сардина.

Сигурни сме дека овој напиток има полош вкус отколу што звучи, што потврди и самата реалити ѕвезда, но Ким беше одлучна состојбата на нејзините сестри да остане тајна.