Ким Кардашијан има двојник

Ким Кардашијан има двојник

Талија Алмодовар е 31 годишна трансродова личност од Њујорк, која е родена како маж, но пред неколку години го промени својот пол во жена. Инспирација за промената на полот, Талија ја пронајде во славната старлета Ким Кардашијан, со надеж дека ќе изгледа исто како неа.


“Ставив силикони во задникот и градите. Операциите ми помогнаа да се чувствувам подобро”, истакнува таа.
Покрај хируршките зафати кои досега ја чинеле околу 80.000 фунти, Талија многу инвестира за нејзината убавина и облекувањето.

“Ким е совршена и и се воодушевувам на сè она што постигнала во животот. Таа е мој идол”, изјавила Талија.

Благодарејќи на имитацијата на Ким Кардашијан, Талија станала многу популарна во Америка, а моментално работи како шминкерка.