Ким Кардашијан и Кание Вест очекуваат четврто дете

Ким Кардашијан и Кание Вест очекуваат четврто дете

Ким Кардашијан и Кание Вест по четврти пат ќе станат родители.

38-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ и 41-годишниот пејач и дизајнер ќе добијат уште еден син со помош на сурогат-мајка. Бебето треба да се роди во мај.

Парот го доби и третото дете, ќеркичката Чикаго, преку сурогат-мајка пред само 11 месеци.

Ким и Кание стапија во брак во 2014 година, а се родители и на 3-годишниот Сент и 5-годишната Норт. Ким имаше компликации во текот на втората бременост и докторите ја советуваа дека третата бременост би била премногу ризична за неа.