Ким добила божиќен подарок од 14 милиони долари!

Ким добила божиќен подарок од 14 милиони долари!

Во светот на богатите и славните работите се малку поинакви.

Луѓето кои „пливаат“ во пари, секоја година одново нè изненадуваат со скапоцени божиќни подароци кои ги добиле или им ги подариле на своите сакани, а овогодинешниот победник во оваа ктегорија е Каније Вест.

Имено, раперот и дизајнер, овој Божиќ за својата сопруга, Ким Кардашијан Вест, потрпшил 14 милиони долари, а ѝ купил подарок кој не можел ниту да го спакува.

Се прашувате што е тоа што би можело толку да чини?

Како што пренесува „TMZ“, Каније на Ким ѝ купил стан во „Faena House“, една од најлуксузните згради на Мајами Бич, која го носи надимакот „бункер на плажа за милијардери“ (billionaire beach bunker).

Станот кој ѝ го купил, наводно има четири спални соби, 5 купатила и една тераса, а останатите станари на зградата исто така се многу богати и воглавно славни личности.

Сомнено е дека може некој да го надмине Каније!