Кијану Ривс на социјалните мрежи сподели една многу важна животна лекција

Кијану Ривс на социјалните мрежи сподели една многу важна животна лекција

Кијану Ривс на социјалните мрежи сподели една многу важна животна лекција со неговите обожаватели која го обиколи целиот свет и се уште е актуелна.

Објави фотографија и порака која мотивира секој од нас да биде подобар кон себе и другите, но и кон животот.

“Ги гледате овие луѓе зад мене? Брзаат да стигнат на работа и не обврнуваат внимание на ништо. Понекогаш сме фатени во ритамот на секојдневието и забораваме да застанеме и да издвоиме време за уживање во животот. Како да сме зомбиња. Кренете го погледот и извадете ги слушалките од ушите.

Кажете „Здраво“ на некој случаен минувач и прегрнете некој што изгледа тажно. Помогнете некому. Треба да го живеете секој ден како да ви е последен.

Она што луѓето не го знаат за мене е дека пред неколку години навистина патев од депресија. Никогаш го немам кажано ова на никого. Морав на свој начин да се изборам со тоа. Личноста која ми ја скратуваше среќата бев самиот ЈАС.

Секој ден е скапоцен, па ајде и да се однесуваме на тој начин.

Утрешниот ден не ни е загарантиран, затоа живејте денес!“