Kia Sorento во нова верзија

Кia ја претстави подновената верзија на нивниот SUV модел Sorento, кој ќе дебитира следната недела на Frankfurt Motor Show.

Суптилниот „фејслифт“ се состои од променета форма на предниот и задниот браник, како и нови LED предни и задни фарови, затемнета верзија на предната решетка, како и нов дизајн на алуминиумските бандажи.

Претставени се и спецификациите на GT Line варијантата, која ќе биде најмоќна Sorento варијанта. Измените се чисто козметички во видот на ЛЕД светла за магла со 4 светилки, сопирачки во црвена боја, како и GT Line беџови.

Related image

Кај сите модели ќе има промени во ентериерот како нов волан, подобрена инструмент табла и ревидиран навигациски систем со дисплеј од 8 инчи. Подобрената технологија ќе вклучува Apple CarPlay и Android Auto, како и систем за предупредување на возачот доколку заспие зад воланот.

Како и претходно, понуден ќе биде само еден мотор и тоа 2.2 литарски дизел од 200 коњски сили, кој овој пат ќе доаѓа и со нов 8-брзински автоматски менувач – прв кај некој Kia модел.

Тој ќе го замени стариот 6-брзински и ќе помогне при намалување на CO2 емисиите од 172g/km на 159g/km. Како опција ќе остане 6-брзинскиот мануелен менувач.