Кевин Магнусен е задоволен од својот пласман!

Кевин Магнусен е задоволен од својот пласман!

Кевин Магнусен смета дека имал перформанси како никогаш во својата кариера, по што дојде до 6то место на Шпанското Гранд При.

Данецот стартуваше од 7мо место и ја зачуа позицијата штом се изгаснаа црвените светла, а напредуваше позиција благодарение на откажувањето на Кими Раиконен.

„Имам добар моментум, имам добар болид на располагање и сакам да го искористам тоа за да дојдам до уште подобри резултати. Викендов бевме во лига сами за себе и само топ 3 екипите беа пред нас.

Мојата трка немаше некои особени настани освен рестартите кои не беа лесни затоа што гумите беа ладни, но исто беше за сите и поради тоа немав големи проблеми“, анализира Магнусен.

К-Маг е свесен дека може да се борат со поголемите и помоќните екипи како Рено и Мекларен, особено на брзите патеки и поради тоа сака да ги максимизираат добрите резултати.

„Болидот е особено брз на летечки кривини, но не е лош нити во бавните кривини или правците, така што како целина е добар болид. Мислам деа ќе бидеме силни на брзите Спа или Силверстон, но и не побавнтие нема да разочараме. Заостануваме во однос на поени, а поголемите екипи цело време пробуваат нови работи на болидите.

Ни носиме новини, но не на секоја трка, повремено и мислам дека до крајот ќе имаме уште 1-2 аеродинамички пакети и тоа сметам дека ќе биде доволно. Во Монтреал ќе имаме подобрувања кои мислам дека ќе ни донесат перформанси“, заврши Кевин.