Кевин Дурент ќе го пропушти само првиот меч против Портланд

Кевин Дурент ќе го пропушти само првиот меч против Портланд

Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Кевин Дурент, ќе го пропушти првиот меч од финалната серија на Западот, против Портланд Трејлблејзерс, поради повредата на листот на десната нога.

Голден стејт се пласира во финалето, откако серијата во полу-финалето против Хјустон Рокетс ја добија со 4-2, додека Портланд по седум натпревари беа подобри од Денвер Нагетс.

Дурент се повреди во финишот на третата четвртина од петтиот меч во серијата со Хјустон. Вориорс и без Дурент успеаја да го добијат шестиот меч во Хјустон и да се пласираат во финалето.

Актуелните шампиони серијата против Хјустон ја играа без центарот Демаркус Казинс. Во клубот најавуваат дека Казинс може да се врати во текот на серијата со Портланд. Популарниот Буги има повреда на квадрицепсот на десната нога.