Кетрин и Меган заедно на свеченост во Бакингемската палата

Кетрин и Меган заедно на свеченост во Бакингемската палата

Војвотките Кетрин и Меган за првпат присуствуваа заедно на свеченост по црковната служба за Божиќ.

37-годишните претставнички на британското кралско семејство и принцовите Вилијам и Хари беа дел од свеченоста организирана во Бакингемската палата од страна на кралицата Елизабета II. Повод за собирот беше 50-годишнината од стапувањето на должност на нејзиниот син Чарлс како принц на Велс. Војвотката од Сасекс шармираше во фустан со брокат и бело палто од Аманда Вејкли, кое првпат го носеше минатата година. За свеченоста, војвотката од Кембриџ избра плисиран фустан во ментол боја.