Кетрин Хејгл како Меган Маркле во „Костуми“

Кетрин Хејгл ја доби главната улога во осмата сезона на серијата „Suits“ откако Меган Маркле и нејзиниот пријател од екранот, Патрик Џеј Адамс, ја напуштија.


Снимањето на осмата сезона на серијата ќе започне во април во Торонто, Канада.
„Да се ​​приклучам кон „Suits“, беше совршен и природен начин не само да работам со извршен продуцент, на кого му се восхитувам, туку и да станам дел од шоуто и актерскиот состав на кој сум голем фан“, рекла актерката. Таа додала дека серијта ја гледала од самиот почеток и се чувствувала среќна што ќе работи во неа.
Кетрин Хејгл учествуваше во пет сезони на серијата „Grey’s Anatomy“, како и во многу филмови, меѓу кои „Knocked Up“, „27 Dresses“, „The Ugly Truth“…
Меган Маркл, која на почетокот ја играше Рејчел Зејн во „Suits“, реши да ја прекине актерскта кариера поради љубовта со британскиот принц Хари.