Кети Пери прозборе во врска со пластичните операции

Кети Пери прозборе во врска со пластичните операции

Веќе со години кружат гласини дека Кети Пери има направено пластични операции, но славната пејачка тврди дека е 100% природна.

Не сум имала никакви пластични операции. Моите облини се природни – изјави Кети. За нејзините гради се зборуваше со години, но таа признава дека имала корекции само на своето лице, поточно се решила од своите подочњаци.

Сепак иако никогаш не имала пластична операција, таа нема ништо против тоа.

Секако, секогаш бидите свои. Но доколку сакате да го поправите носот поради што ќе се чуствувате подобро, само напред – заклучи пејачката.