Ќерката на Трамп фотографирана со момчето од Нигерија

Ќерката на Трамп фотографирана со момчето од Нигерија

Медиумите пренесуваат дека Боулос наводно го запознал семејството на Тифани во текот на Денот на благодарноста.

Тифани Трамп, помладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, и нејзиното момче Мајкл Боулос, биле видени во Лондон, само една недела откако ја обелодениле својата врска.

Парот делувал расположено и не можеле да ги тргнат насмевките од своите лица додека оделе на вечера. На нив на вечерата им се приклучила и британската пејачка Мика Парис.

25-годишната Тифани носела црни панталони, сако и зелена маица, а покрај тоа облекла и црни чевли. Боулос носел црн капут и панталони, со патики во истата боја и шал од Луј Витон.

Тифани нивната врска ја обелоденила во јавноста на 4-ти јануари кога објавила нивна заедничка фотографија направена во Црвената соба во Белата куќа. Овој дел од Белата куќа не влегува во приватната резиденција на претседателското семејство.

Не е познато дали нејзиното момче притоа го запознало нејзиниот татко, американскиот претседател Доналд Трамп. Пред да ја обелоденат врската, парот на 8-ми септември бил снимен на модна ревија во Њујорк.

Медиумите пренесуваат дека Боулос наводно го запознал семејството на Тифани на Денот на благодарноста.

Анонимен извор за “People” потврдил дека парот се запознал минатото лето на Миконос во Грција во еден клуб на плажа, чиј сопственик е актерката Линдзи Лохан.

Боулос како и Тифани, е дете на богато семејство. Неговото семејство ги основало “SCOA Nigeria” и “Boulos Enterprise”.

За многумина оваа врска е интересна, најмногу од причина што Мајкл по потекло е од Нигерија.

Трамп своевремено ја навредил оваа држава, нарекувајќи ја “по*рана дупка”, додека зборувал за имиграцијата минатата година.