Ќерката на Мадона се појави на модната недела во Њујорк

Ќерката на Мадона се појави на модната недела во Њујорк

Многумина во Лоурдес препознаа нова модна ѕвезда подеднакво добра како Каја Гербер.

Ќерката на Мадона, Лоурдес Леон (21) направи деби како модел на ревијата на марката Gypsy Sport и така, преку ноќ, стана модна вест број 1.

Иако има моден стаж како носител на фото-кампањи на популарните брендови Конверс и Стела Мекартни, застанувањето на пистата беше премиерно. Како што пренесуваат странските медиуми, ќерката на Мадона не го поминала регуларно кастингот. Имено, креативниот директор на брендот Rio Uribe истакнал дека лично бил контактиран од Лоурдес која му ја искажала желбата за нстап на ревијата.

21-годишниот модел во подем храбро ја носеше впечатливата модна комбинација и „искинатиот“ џинс.

 

View this post on Instagram

#runway

A post shared by Lourdes Leon (@lourdesleon_official) on

View this post on Instagram

#runway

A post shared by Lourdes Leon (@lourdesleon_official) on